03 / Планирање и моделирање
Системот го опишува вашето искуство низ процесот. Методологијата го објаснува стручниот рамка на кој се заснова тој процес — за тренери и клубови кои сакаат увид во тоа како работиме, не само што се случува.
- 01Структура на дијагностиката
- 02Методи и средства
- 03Планирање и моделирање
- 04Динамика на дијагностиката
- 05Систем на евиденција
- 06Анализа на резултатите
Податоците собрани во претходните две фази сами по себе немаат вредност додека не се претворат во конкретен, применлив план за работа. Во оваа фаза ги поврзуваме измерените параметри со практичните цели на спортистот — дали фокусот е на експлозивноста, превенцијата на повреди, корекцијата на асиметрија или долгорочниот развој на кондиционата форма.
Преку прогностичко моделирање ја предвидуваме очекуваната патека на напредок врз основа на тековната состојба и планираното оптоварување. Овој пристап овозможува однапред да се идентификуваат ризичните зони — на пример изразена асиметрија лева/десна страна, дисбаланс на колковите или прекумерно ниво на замор — пред да доведат до пад на перформансите или повреда.
Планот што настанува во оваа фаза не е статичен документ, туку работна рамка што се прилагодува врз основа на наредните мерења. Тренерот добива јасни, мерливи цели за периодот што следува, а спортистот конкретен правец во кој работи — без претпоставки и генерички препораки што не ги земаат предвид неговите индивидуални карактеристики.